19 април, 2024
ПочетнаАНАЛИЗИБерза - неделен преглед

Берза – неделен преглед

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(05.11 – 09.11.2012)

 

 

Послабото тргување со државните обврзници од денационализација и мизерниот промет во тргувањето со акции придонесоа вкупниот промет на Македонската берза изминатата недела да достигние само до 19 милиони денари. „Настрада“ и индексот МБИ10 кој имаше неделен пад од -1,52%, пред се како резултат на намалената ликвидност кај одредени акции и на притисокот што се појави на продажната страна кој неминовно доведе до пад на цените на одредени акции од кои е составен МБИ10 (Топлификација Скопје имаше неделен пад од -5,88%, Комерцијална банка од -4,59%, Гранит Скопје пад од -5,71% и Макпетрол Скопје од -4,82%).

Индексот МБИД забележа неделен пораст, пред се како резултат на порастот на цените на акциите на Стопанска банка Скопје од +9,23% (со истргувани 50 акции и промет од 7.100 денари), Арчелормиттал ЦРМ Скопје со раст од 8,89% (истргувани 486 акции и промет од 23.814 денари) и Македонски Телеком Скопје со пораст од 1% (истргувани 4.677 акции и промет од 2,32 милиони денари)

Прометот повторно концентриран во само три акции, покрај Македонски Телеком Скопје, уште само Комерцијална банка Скопје со 2,06 милиони денари и Алкалоид Скопје со 9,07 милиони денари реализиран промет.

Движењата на берзите во регионот беа следни: SBI10 имаше пораст од 1,57% на неделно ниво. Crobex неделата ја заврши со раст од +0,43%. Белградскиот Belex забележа пораст од +2,44%, а софискиот Sofix раст од +0,21%.

Движењата на светските берзи во изминатата недела главно беа детерминирани од претседателските избори во САД и постигнатите резултати. Вториот мандат на Барак Обама не беше со симпатии дочекан од страна на инвеститорите ширум светот, пред се поради неговите настојувања за поголема регулација на пазарите на капитал и на капиталните текови во светот. Како резултат на тоа, движењата на берзите беа следни: Германскиот DAX забележа пад од -2,22% на неделно ниво, FTSE 100 пад од -1,68%, како и CAC 40, кој имаше намалување од -1,97%. DOW JONES имаше пад од -2,12%, NASDAQ од -2,59% а S&P 500 пад од -2,64%. NIKKEI 225 имаше неделен пад од -3,21%, а  HANG-SENG од -3,29%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП