Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,953.32 -0.36%    BESK 7,864.14 -3.73%    ERMT 197.00 0%    GRNT 898.32 0.37%    KMB 5,432.66 0.4%    MPT 63,052.61 0.54%    OKTA 4,750.00 0.42%    RZIT 20.00 0%    RZUG 12.00 0%    SBT 2,592.06 9.02%    STB 1,196.43 0.83%    STBP 790.00 -16.75%    STIL 103.00 0%    TETE 2,424.27 4.72%    TNB 16,388.19 -2.45%    TTK 1,455.99 -2.93%    UNI 2,250.00 0%    ZPKO 1,851.00 2.83%    

Шест начини кои ќе ви помогнат да бидете господар на сопственото време

Време: 11:31

Датум: јануари 15, 2013

Категорија: КАРИЕРА

vreme

Имате чуство како да немате време за ништо, покрај тоа што сте добро организирани и давате се од себе? Можеби едноставно работите не ги правите на вистинскиот начин. Како би биле господар на сопственото време, придржувајте се на следниве совети.

„Јас“ не е лош збор!

Притисокот да се биде најдобрата мајка, ќерка, пријателка и партнерка, да не спомнуваме и работник, често може да не доведе да заборавиме на она најбитното- себе. Време е да станете малку себични.

Како? Без оглед колку го сакате своето семејство и пријателите, ако пред се не се сакате и не водите доволно грижа за себе, нема да имате повеќе што да понудите. Ваш приоритет би требало да биде обезбедувањето на средства кои ќе ви помогнат да се носите со животните предизвици.

Пробајте го следново: Вратете го во употреба зборот „себична“ со што ќе го направите позитивен. На тоа треба да гледате како чин на алтруизам, бидејќи задоволувајќи ги своите потреби ќе имате повеќе време на располагање за другите околу вас.

Уживајте во моментот

Смс пораките и електронската пошта можат да ви бидат и повеќе од помош, но тоа не значи дека со нив треба да си го потрупувате секој слободен момент. Уживајте во секој слободен момент до крај.

Како? Ако го набљудувате секој среќен момент низ вашиот објектив од фотоапаратот или преку мобилниот телефон, веројатно вие само делумно уживате во него. Колку сте повеќе присутни во целост, живеете во сегашноста, благодарни сте на се што имате во моментот, се повеќе ќе станете свесни дека времето работи во ваша корист.

Пробајте го следново: Факт е дека сме доста приврзани за мобилните телефони, таблет компјутерите, но зошто да не пробаме повремено да ги исклучиме? Ако сакате да одвоите пола саат за себе, исклучете ги сите електронски уреди. Моментално ќе се фокусирате на работите кои се случуваат околу вас.

Работете помалку, живејте подолго

Можеби имате премногу работи кои треба да ги завршите, но дали сте сигурни дека би дошол крај на светот доколку не ги завршите на време? Доброто управување со времето не значи дека треба да ја завршите целата работа, туку помалку да работите и да бидете среќни поради тоа.

Како? Без оглед дали сакате да се занимавате со некоја физичка активност или пак да се запишете на некој курс, време е да престанете да гледате на квантитетот на обврските кои ги извршувате, туку да се фокусирате на нивниот квалитет.

Пробајте го следново: Направете ревизија на времето. Направете список на сите активности кои ги обавувате во различни животни области и идентификувајте ги работите кои во вашиот живот даваат позитивен придонес. За останатите активности потребно е да се запрашате дали воопшто е потребно да ги исполните .

Доколку кон своите обврски постапувате со селекција, тоа значи дека секој дел од вашиот живот може да биде исполнет а вие нема да бидете преуморни за да уживате во нив.

Ослободете се од луѓето кои ви ја одземаат енергијата и времето

Сите ние имаме неколкумина – пријатели кое секое гледање го претвораат во состанок во кој главна тема е нивниот живот, на кој сите точки на дневниот ред се нивни проблеми. Вредноста на работите може да се одреди со пари, но понекогаш се однесуваме неодговорно кога се во прашање часовите на нашето време.

Одговор?

Престанете да си го трошите своето време.

Редовно треба да ги согледувате работите во својот живот кои не мора да ги правите и да се запрашате дали е тоа добро за вас и дали всушност тоа го сакате. Доколку одговорот е негативен тогаш не правете го тоа.

Пробајте го следново: Едноставно откажете се од обврските кои ви ја црпат енергијата така што на сите ќе им дадете до знаење дека повеќе не сте во состојба да продолжите. Дадете им до знаење на веќе спомнатите пријатели, дека повеќе не сте во состојба да ги слушате нивните „кукања“, и доколку навалуваат, кажете им дека немате време за чести состаноци.

Планирајте мал одмор. Сеедно дали се работи за фотографирање, читање книга или посета на кино, на сите нас ни се потребни мали работи кои не прават среќни, здрави и нормални. Меѓутоа, преголемиот распоред со кој се сретнуваме секојдневно, често придонесува да си ги скратиме овие мали задоволства. Доклоку ви се случува ова, земете го тефтерот и договорете си состанок со себе!

Како? Доколку ви е потребно време да размислите како би го поминале денот, вие всушност можете да си ја обликувате вашата стварност. Многу полесно е да одбиете некој, кога веќе однапред знаете дека тој ден одредена работа ќе ја правите во одредено време.

Пробајте го следново: Во својот планер внесете одредени денови во текот на месецот кои сакате да ги одвоите само за себе. Придржувајте се до овие одредени датуми како да станува збор за некој многу важен состанок и ветете си себе си дека ќе направите се што можете да не ги прескокнете тие денови или пак да ги замените со нешто друго.

Научете да кажете дипломатско „Не“

Ако на се, вашиот одговор е „Да“, не е чудно што времето ви „бега“ од контрола. Наместо разни исклучоци, научете да кажете дипломатско „Не“.

Како? Само едно празно „Не“, може да звучи грубо, но не треба да се оправдувате. Трикот е во тоа да бидете неутрални, со цел да го ублажите ударот.

Пробајте го следново: Поканети сте да го поминете викендот со пријателите, а вие сте испланирале да останете дома и да се посветите себе си. Пробајте да бидете дипломатични и на пример кажете: „Колку добра идеја за некој следен пат“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Три најважни работи кои веќе сега можете да ги направите со вашите пари ако се плашите од криза

    Три најважни работи кои веќе сега можете да ги направите со вашите пари ако се плашите од криза

    Рецесијата тропа на вратата на многу земји во светот, и повеќе не е прашање дали доаѓа, туку кога. Германија веќе ”танцува” на работ на рецесија,…

  • Учење и само учење

    Учење и само учење

    Бидејќи учењето е една од најубавите работи кои можеме да ги доживееме. Се разбира, овде не мислиме само на учењето во училиште, факултет и слично,…

  • Во кое време од денот треба да размислувате?

    Во кое време од денот треба да размислувате?

    ”Темниот дел од денот“ е идеален за размислување, вели една античка грчка мудрост. ”Ноќта има некоја чудна моќ“, вели еден стар и познат стих. И…

  • ”Тајната врска” помеѓу мотивацијата и капењето

    ”Тајната врска” помеѓу мотивацијата и капењето

    Колку долго сте “загреани” нешто да направите? Нешто што долго посакувате? Дали вашата мотивација трае доволно долго да го “истуркате” тоа што сте сакале? Ако…

  • Бил Гејтс откри што тоа Стив Џобс го има што тој го нема ( а не е креативност)

    Бил Гејтс откри што тоа Стив Џобс го има што тој го нема ( а не е креативност)

    Имаше големи разлики меѓу Стив Џобс и Бил Гејтс, што се однесува до самата работа, но и што се однесува на начинот на кој им…

  • Како да бидете попаметни?

    Како да бидете попаметни?

    Се разбира, ова не може секогаш и насекаде да се применува, но во некои ситуации можеме да бидеме попаметни. Макар и малку. Колку пати сте…

  • Како да препознаете разумен човек?

    Како да препознаете разумен човек?

    Разум против безумне. Се поставува прашањето – што е подобро? Кога човек ќе го погледне ова прашање поставено во поднасловот, веројатно ќе се запраша дали…

  • Што вели еден нобеловец дека е потребно за среќа?

    Што вели еден нобеловец дека е потребно за среќа?

    Како и со смислата на животот така и со среќата, не е лесно бидејќи често треба долго да ја барате. Или можеби и не мора?…

  • Никогаш не им кажувајте на луѓето како нешто да направат…

    Никогаш не им кажувајте на луѓето како нешто да направат…

    Најчесто тоа може да биде контрапродуктивно. Веројатно веќе досега забележавте дека на луѓето не вреди да им кажувате како нешто да направат. Пред се, зошто…

  • Како да станете шампион?

    Како да станете шампион?

    Било која област да е во прашање, без оглед дали е спорт или нешто друго, шампионите мора многу да тренираат. Меѓутоа, има тука уште нешто.…