25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед го пријави Ибрахимовиќ за Лигата на шампионите

Јунајтед го пријави Ибрахимовиќ за Лигата на шампионите

Иако враќањето на фудбалските терени на Златан Ибрахимовиќ се очекува кон крајот на годината, неговиот клуб Манчестер Јунајтед го регистрираше за настап во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Ибрахимовиќ неодамна потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед, кој е подготвен да го чека искусниот напаѓач целосно да се рехабилитира од повредата.

Шведскиот интернационалец се повреди во финишот на минатата сезона, во четвртфиналнот реванш против Андерлехт во Лига Европа.

Манчестер Јунајтед во фазата по групи во Лигата на шампионите ќе игра против Бенфика, Базел и ЦСКА Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП