29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуис Хамилтон победи на трката за ГН на Италија

Луис Хамилтон победи на трката за ГН на Италија

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Италија во Монца и прв пат од почетокот на сезоната го презеде водството во генералниот пласман.

Британецот трката во Монца ја заврши со време 1:15:32.310 часа, ја забележа шестата победа во сезоната, која е 59. во неговата кариера.

Трикратниот светски првак во Монца оствари рутинска победа, откако стартуваше од пол позицијата и во текот на трката не им дозволи на ривалите да ја оспори неговата победа.

Второто место му припадна на неговиот клупски колега Валтери Ботас, а Себастијан Фетел заврши како трет.

Бодови во Монца освоија и Даниел Рикардо (Ред Бул), Кими Раиконен (Ферари), Естебан Окон (Форс Индија), Ленс Строл (Вилијамс), Фелипе Маса (Вилијамс), Серхио Перез (Форс Индија) и Макс Вестапен (Ред Бул).

Хамилтон во генералниот пласман има 238 бодови, три повеќе од Фетел, а трет е Ботас со 197 бодови.

Наредната трка ќе се вози на 17.септември во Сингапур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП