20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгеловски и Пандев: Фокусирани и внимателни, да создаваме шанси, но и да...

Ангеловски и Пандев: Фокусирани и внимателни, да создаваме шанси, но и да реализираме

Македонската репрезентација вчера го одржи официјалниот тренинг на „Сами Офер“ стадионот во Хаифа спроти денешниот квалификациски дуел со Израел.

Прес конференција пред тренингот одржаа селекторт Игор Ангеловски и капитенот Горна Пандев. Двајцата истакнаа дека кај репрезентативците постои голема желба за реванш за поразот во Скопје минатата година.

– Во Скопје беше неизвесно, создадовме многу шанси, но победи гостинот. Се надевам дека ќе создаваме шанси, но и дека ќе реализираме. Верувам во овој избор на фудбалери. Изработивме добри подготовки и подготвени ќе влеземе во натпреварот со цел да оствариме позитивен резултат, изјави селектор Ангеловски.

– Не очекува тежок натпревар, Израел е добра, квалитетна репрезентација. Во Скопје не заслуживме пораз, промашивме пенал во последните секунди. Мораме да го исполниме тоа што го бара селекторот од нас и само така можеме до добар резултат. Гледам дека во нашата јавност се размислува дека можеме лесно да го победиме Израел. Јас мислам дека мора да бидеме обединети и ако одиграме како тим можеме да го изненадиме противникот. Мора да играме концентрирано цел натпревар, но тактички на сите натпревари играме добро и се надевам дека ќе одиграме комплетен натпревар, истакна Пандев.

Во пресрет на денешниот натпревар Македонија е претпоследна во Г групата со три бода, а Израел со Албанија е на делба на третата позиција со девет бодови.

Натпреварот во Xаифа ќе започне во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП