ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија ќе гради складиште за нуклеарен отпад

Бугарија ќе гради складиште за нуклеарен отпад

Бугарија почна да гради складиште за нуклеарен отпад во близина на својата единствена нуклеарна централа „Козлодуј“.

Бугарската министерка Теменушка Петкова рече денеска дека проектот кај „Козлодуј“ е многу важен за развој на нуклеарната енергија во Бугарија.

Радиоактивниот отпад од ниска и средна јачина, која ќе биде складиран на тоа место, потекнува од четирите стари реактори на оваа централа.

Бугарија затвори четири реактори од советско производство во „Козлодуј“ од безбедносни причини, што и беше услов за да влезе во ЕУ во 2007 година.

Во „Козлодуј“, кој се наоѓа на Дунав, блиску до тромеѓето со Романија и Србија, останаа уште два реактора од советско производство.

Фондот кој го управува Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) го финансира проектот со 73 милиони евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП