19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаби Кејта од наредната сезона се сели во Ливерпул

Наби Кејта од наредната сезона се сели во Ливерпул

Ливерпул потврди дека постигнал договор со Лајпциг околу трансферот на Наби Кејта (22) кој на „Енфилд“ ќе пристигне наредната сезона.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сакаѓа да го потпише Кејта уште оваа сезона, но Лајпциг кој ќе настапува во Лигата на шампионите не сакаше да се откаже од неговите услуги.

Кејта во својот договор има откупна клаузула од 62,14 милиони евра која во сила ќе стапи од наредната сезона, а Ливерпул се согласи да го плати овој износ. Исто така „црврените“ ќе плати и непознат износ на пари како премија, само да го обезбеди трансферот на репрезентативецот на Гвинеја.

Кејта минатата сезона за Лајпциг потигна осум голови на 31 натпревар во Бундеслигата и му помогна на клубот да го освои второто место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП