25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар пишува нова историја- пласман во фазата по групи во Лига Европа

Вардар пишува нова историја- пласман во фазата по групи во Лига Европа

Историски успех испиша нашиот најтрофеен македонски клуб кој со две победи во плејофот го елиминира турскиот великан Фенербахче и избори пласман во фазата по групи во Лига Европа.

Фаворитите не победуваат секогаш, особено не во фудбалот, кој поради тоа е „најважната споредна работа“. Фенербахче по ждрепката беше фаворит со Вардар, но македонскиот првак по скопските 2:0, го фрли турскиот великан на колена и во Истанбул и победи со 2:1.

Вардар во Истанбул одигра тактички зрел натпревар, а одбраната на тимот предводена од голманот Гачевски ги издржа налетите на Фенербахче. Чеде Јаневски уште еднаш реши да му остави на противникот да игра со топката, а голот на Камени да го напаѓа преку контранападите на одличниот Барсегјан.

Јалова беше иницијативата на Фенербахче во првиот дел, а Гачевски беше сигурен при обидите на Топал и Ван Перси. Барсегјан ја имаше најдобрата можност за постигнување на гол во првото полувреме, но неговиот обид заврши во дирекот.

Вториот дел донесе уште посилен притисок на турскиот тим, голот на Вардар „висеше во воздухот“, а Гачевски успеа да го совлада дефанзивецот Нојштетер во 61.минута, кога најдобро се снајде пред голот а македонскиот првак и од пет метри ја проследи топката во мрежата.

Радоста на Фенербахче траеше само седум минути кога Џугари меѓу двајца противнички дефанзивци со малку среќа успеа да го совлада Камени.

По постигнатиот гол започна да паѓа играта на Фенербахе, а вардаровите играчи дополнитело ја зголемија самодовербата.

Барсегјан во финишот ја погоди гредата, а наградата за храбрата игра стигна во 91.минута кога играчот на натпреварот Барсегјан го проигра Глигоров кој рутински го матираше Камени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП