сабота, 28 јануари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдржан тренинг за менторки во Штип во рамки на проектот „Програма за...

Одржан тренинг за менторки во Штип во рамки на проектот „Програма за (само) вработување на самохрани мајки“

Во Штип вчера се одржа обука за менторство и менторски процес на бизнис жени – идни менторки, во рамките на проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“, финансиран од Европската Унија, кој се спроведува од страна на Здружението на бизнис жени, во партнерство со Бизнис Конфедерација на Македонија и Институт за менаџмент поддршка.

Одзивот на жените, претприемачки и менаџери, заинтересирани да се вклучат во менторскиот процес, како менторки, беше одличен, а обуката беше насочена кон аспектите, знаењата и вештините потребни за успешно менторирање на целната група на проектот и во целост прифатена.

Кон обуката, со присуство и презентација, како поддршка на проектните активности, се приклучи и претставничка на Центарот за вработување од Штип, при што жените – идни менторки беа директно и во детали запознаени со тековните активности и мерки на АВРМ за (само)вработување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП