ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузното одморалиште Banyan Tree во Макау (фото)

Луксузното одморалиште Banyan Tree во Макау (фото)

Ако сеуште не сте биле на одмор и барате решение за тоа каде ќе го поминете вашиот годишен одмор и доколу парите не ви претставуваат проблем, ви го претставуваме комплексот „Banyan Tree“ во Макау…

На само 15 минути возење од аеродромот „Макау“ се наоѓа луксузниот комплекс „Banyan Tree“. Одмаралиште кое е дел од групата „Banyan Tree Hotels & Resort“ е симбол за вистински мир, но и дестинација која нуди раскошен одмор. Ова е најценетиот и најквалитетниот хотел во Макау.

Секој апартман од овој хотел, поседува приватен базен, а вилите поседуваат заеднички базени. Комплексот располага со два ресторана, спа центар, 3 бара, теретана, кино, казино…

Врвниот дизајн на енетериерот ќе ви овозможи огромен комфор, релаксација и уживање. Квалитетниот стилски мебел го оправдува луксузот со кој се опишува овој комплекс. Квалитетната услуга, гостопримството и различните видови на специјалитети ќе направат да се чувствувате прекрасно.

Една ноќ во овој луксузен хотел ќе ве чини 375 американски долари, погледнете ги фотографиите од овој рај…

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП