Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,299.13 -0.01%    GRNT 830.05 1.13%    KMB 5,209.45 3.13%    MPT 40,034.07 6.98%    MTUR 4,695.49 2.08%    OHB 6,413.12 -0.21%    OKTA 4,191.33 1.02%    PKB 14,300.00 2.87%    REPL 63,000.00 0%    RZIN 120.00 -1.64%    RZLE 37.00 0%    RZLV 79.00 9.31%    RZUS 141.00 2.39%    SBT 2,000.00 0%    STB 963.00 1.19%    STBP 900.00 0%    STIL 148.00 -6.92%    TEL 279.65 1.69%    TKVS 4,498.50 4.11%    TTK 983.00 2.97%    UNI 2,590.16 1.31%    ZILU 244.39 0.16%    

Самсоненко „бега“ од Вардар!

Време: 12:13

Датум: август 11, 2017

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сергеј Самсоненко, сопственикот на трите клуба чие обележје е црвено-црната боја, машкиот и женскиот ракометен клуб и фудбалскиот клуб Вардар, најави дека ова е последна сезона во која тој како инвеститор ќе вложува во сите три спортски клуба во Македонија.

Самсоненко денеска со писмо, кое го пренесуваме во целост, ѝ се обрати на јавноста во земјата.

„Почитувани граѓани на Македонија, пријатели!

Вчеравечер се вратив во Скопје и бев длабоко вознемирен од сето она што го прочитав во медиумите, на социјалните мрежи, порталите…

Првото прашање што си го поставив себеси беше со што јас и моите колеги од Вардар заслуживме вакви навреди?

Македонија е дом за мене и за моето семејство веќе 11 години, во овој период од срце инвестирав огромни средства во развој на спортовите во земјава.

Драги пријатели, цената на ниту еден билет не може ниту, пак, сакам да го врати тоа што го вложив без никаква задршка во македонскиот ракомет, фудбал, тенис и друго… токму поради тоа јас, од мое име и од името на управата на ФК Вардар, донесов одлука.
Долго време се воздржував да реагирам на навредите што ги пласираа против мене одредени медиуми и поединци… и сакам да кажам, доста е!

Никогаш во животот не сум доживеал ваков линч, навреди и омаловажување какви што доживеав во изминативе денови.

Ви благодарам многу, се чини дека ова е надомест за сè што направив.
Доста е, одлуката, колку и да ми беше тешко, ја донесов.

Ова е последна сезона во која јас, Сергеј Самсоненко, како инвеститор вложувам во сите три спортски клуба во Македонија.

По оваа сезона, ќе ги вратам трите клуба на поранешните сопственици во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови.

Во врска со билетите за натпреварот Вардар-Фенербахче, одлучив да ги продаваме сите билети по единечна цена од 300 денари, без разлика на сектор или трибина.

На сите кои купиле билет по стара цена, средствата ќе им бидат рефундирани.

Напред Вардар!

Сергеј Самсоненко

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

    СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

    Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија. Уругвајците ја забележаа втората победа на…

  • Германија и Франција ќе ги зајакнат безбедносните капацитети на ЕУ

    Германија и Франција ќе ги зајакнат безбедносните капацитети на ЕУ

    Лидерите на Германија и Франција најавија дека планираат да ги зајакнат безбедносните капацитети на Европската Унија со цел полесно да се справат со предизвиците од…

  • Македонските тимови ги добија потенцијалните ривали за втората рунда

    Македонските тимови ги добија потенцијалните ривали за втората рунда

    Трите македонски претставници во Лига Европа (Вардар, Работнички и Шкупи) ги дознаа имињата на потенцијалните противници во второто квалификациско коло. Секако, македонските тимови најпрвин ќе…

  • Кичево доби пречистителна станица за отпадни води

    Кичево доби пречистителна станица за отпадни води

    Инвестираме во поздрава животна средина за подобар стандард на живеење, истакнаа заменик претседателот на Владата, Кочо Анѓушев и министерот за животна средина и просторно планирање,…

  • Грција очекува олеснување на долгот по состанокот на еврозоната

    Грција очекува олеснување на долгот по состанокот на еврозоната

    Грција денеска изјави дека очекува министрите за финансии од еврозоната на средбата во четврток да достават „значителни“ мерки, со кои ќе го направат нејзиниот долг…

  • Tesla ја смета Германија за најсоодветно место за својата европска Gigafactory

    Tesla ја смета Германија за најсоодветно место за својата европска Gigafactory

    Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ ја преферира Германија за локација за својата европска „гигафабрика“ (Gigafactory), најави главниот извршен директор на компанијата Илон Маск. Ова…

  • СП 2018: Роналдо е најдобриот европски репрезентативен стрелец

    СП 2018: Роналдо е најдобриот европски репрезентативен стрелец

    Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, денеска го постигна 85 гол за својата репрезентација и стана најдобриот европски репрезентативен стрелец во историјата. Роналдо беше стрелец на победничкиот…

  • Бизнис климата во Кина се влошува според европските компании

    Бизнис климата во Кина се влошува според европските компании

    Европските компании ја определуваат бизнис климата во Кина како непријателска поради ограничувањата во интернет просторот и неправедните законски прописи, според годишната студија на Стопанската комора…

  • Заев на средба со ЕБОР: Работиме заедно на проекти за јакнење на економијата

    Заев на средба со ЕБОР: Работиме заедно на проекти за јакнење на економијата

    Премиерот Зоран Заев во придружба на министерот за финансии, Драган Тевдовски, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и советникот за економија и…

  • „Марка“: Реал ќе плати 150 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

    „Марка“: Реал ќе плати 150 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

    Весникот „Марка“ секогаш е добро информиран за она што се случува во Реал Мадрид, особено кога станува збор за интересот на клубот кон потенцијалните засилувања.…