20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКутињо во петок потпишува за Барселона?

Кутињо во петок потпишува за Барселона?

Бразилецот Фелипе Кутињо во петок официјално ќе биде преставен на „Камп Ноу“ како засилување на Барселона, објавија каталонските медиуми. Тие се убедени дека петок е денот Д бидејќи Барселона испратила покани за прес-конференција.

Ливерпул на сите начини се обидуваше да го задржи Бразилецот, но откако Кутињо ги договори личните услови со Барселона, клубот од „Енфилд“ се согласил да ја прифати сумата од 120 милиони евра (90 милиони во кеш и 30 во бонуси).

Ливерпул од продажбата ќе заработи речеси 10 пати повеќе од она што го вложи пред четири и пол години. Во јануари 2013 година „црвените“ на Интер му платија 13 милиони евра за услугите на Кутињо, чии трансфер ќе биде вториот најскап во фудбалската историја.

Барселона на овој начин започна да ги троши парите добиени од рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП