25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо: Првиот гол на Реал е нерегуларен

Мурињо: Првиот гол на Реал е нерегуларен

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, посочи еден момент кој според него влијаел врз конечниот резултат и поразот од Реал (1:2) во Суперкупот, но напомена дека неговите играчи не треба да бидат разочарани.

Реал на „Филип Втори“ славеше со головите на Каземиро во првото и Иско во второто полувреме, а единствениот гол за Јунајтед го постигна Лукаку.

Сепак, според Мурињо, првиот гол бил постигнат од офсајд и тој момент го одредил понатамошниот тек на натпреварот.

„Еден од нивните голови беше постигнат од офсајд. Да постоеше ВАР системот на овој натпревар резултатот ќе беше 1:1“, рече Мурињо, дополнувајќи дека неговите играчи му пружиле достоен отпор на Реал.

Манчестер Јунајтед в недела ќе ја започне сезоната во Премиер лигата против Вест Хем (17 часот), поради што Португалецот порача дека неговите играчи треба со отпимизам да гледаат на тој меч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП