ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради повреда Мареј нема да настапи во Монтреал

Поради повреда Мареј нема да настапи во Монтреал

Енди Мареј, првиот светски рекет, поради повреда на колкот го откажа учеството на мастерс турнирот во Монтреал, кој ќе се игра во текот на наредната недела.

Мареј е четвртиот тенисер, од првите шест на АТП листата, кој го откажа учеството во Монтреал. Претходно тоа го сторија Новак Ѓоковиќ, Стан Вавринка и Марин Чилиќ.

Поради откажувањето на Мареј, прв носител во Монтреал ќе биде Рафаел Надал, кој, во зависност од резултатот, може да се искачи на првата позиција на АТП листата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП