ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед денес ќе ја официјализира соработката со Матиќ

Јунајтед денес ќе ја официјализира соработката со Матиќ

Манчестер Јунајтед во текот на денов би требало да ја официјализира соработката со Немања Матиќ, а доколку тоа се случи, српскиот репрезентативец в среда би можел да дебитира во дресот на „црвените ѓаволи“.

За англиските медиуми нема дилема дека Матиќ е нов играч на Манчестер Јунајтед, а според нив тој треба да го потпише договорот пред тимот да замине за Даблин, каде в среда Јунајтед ќе одигра пријателски меч со Сампдорија.

Дуелот се игра со почеток во 20:45 часот, а доколку Матиќ во текот на денот го потпише договорот, тогаш тој против Сампдорија ќе дебитира за Манчестер Јунајтед.

Трансферот на српскиот репрезентативец се проценува на околу 40 милиони фунти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП