28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСупер глоуб: Вардар на стартот против Нафт-О-Гашаран

Супер глоуб: Вардар на стартот против Нафт-О-Гашаран

Европскиот ракометен шампион Вардар настапот на Супер глоуб во Катар ќе го започне против иранскиот Нафт-О-Гашаран. Натпреварот е закажан за 25 август од 14 часот во салата „Духаил“ во Катар.

Домаќинот на турнирот, Ал Сад и Катарската ракометна федерација, заедно со Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), ги одреди четвртфиналните двојки на Супер глоуб.

Вардар ќе игра против Нафт-О-Гашаран во четврт-финалето. Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Барселона и Есперанца.

Покрај Вардар и Барселона од Европа, на турнирот учествува и минатогодишниот победник Фуксе Берлин. Германскиот тим во четврт-финалето ќе игра против Пињеирос, а победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Ал Сад и Сиднеј.

Распоред на натпреварите на Супер глоуб:

25 август

12 часот: Барселона – Есперанца (број 4)
14 часот: Вардар – Нафт-О-Гашаран (број 3)
16 часот: Фуксе Берлин – Пињеирос (број 2)
18 часот: Ал Сад – Сиднеј (број 1)

26 август

12 часот: Поразен број 3 – Поразен број 4
14 часот: Поразен број 1 – Поразен број 2
16 часот: Победник број 3 – Победник број 4 (полуфинале 2)
18 часот: Победник број 1 – Побеник број 2 (полуфинале 1)

27 август – слободен ден

28 август

12 часот: Меч за 7. место
14 часот: меч за 5. место
16 часот: Меч за 3. место
18 часот: Финале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП