24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши сезоната за Енди Мареј?

Заврши сезоната за Енди Мареј?

Најдобриот светски тенисер Енди Мареј реши да го оперира повредениот колк и за него оваа сезона најверојатно е завршена, пренесуваат британските медиуми.

Шкотскиот тенисер веќе подолго време има проблеми со повредата на колкот, а едеинствено решение е хируршка интервенција.

„Не сакам да го гледам како се мачи поради болките. На негова несреќа оваа повреда дојде во лошо време. Се надевам дека ќе се рехабилитира и дека ќе се врати уште посилен“, рекол братот на Енди, Џејми Мари, кој заедно со Мартина Хингинс го освои Вимблдон во конкуренција на мешани двојки.

Енди Мареј можноста да замине на операција ја најави по елиминацијата од Сем Квери во четврт-финалето на Вилблдон.

Светскиот број 1 ќе го пропушти последниот гренд слем во сезоната Отвореното првенство на САД. Исто така, тој нема да може да брани дури пет трофеи кои минатата година ги освои во периодот од 9 октомври до 20 ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП