20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрафик на денот: Приходите на „Големата петорка“ за 2016-та година

График на денот: Приходите на „Големата петорка“ за 2016-та година

Како резултат на постојаниот раст на трошоците за права за емитување на најголемите фудбалски лиги во Европа, како и на влијанието на Европското првенство во фудбал во сезоната 2015/2016 година, приходите на сите европски фудбалски пазари достигна речиси 25 милијарди долари за минатата година.

Резултатите се со 13% повеќе во однос на претходната сезона, покажува 26-от годишен извештај на „Deloitte Annual Review of Football Finance 2017“.

Англиската Премиер лига е лидер во однос на останатите европски фудбалски лиги, коментира „Statista“. Како што покажува графиконот, нејзините приходи достигнаа 4,87 милијарди евра. Тоа значи дека растот во однос на претходната сезона е од 11%.

Ако ги споредиме приходите со оние од сезоната 1996/97 година, ќе видиме колку повеќе пари заработуваат големите првенства денес. Иако т.н. „Голема петорка“ (англиската Премиер лига, германската Бундеслига, шпанската Ла Лига, италијанската Серија А и Лига 1 на Франција) тогаш заработуваат едвај 2,5 милијарди евра, а нивните приходи во последната сезона изнесуваат 13,4 милијарди евра.

Германската Бундеслига е на второ место за минатата година со приходи од 2,7 милијарди евра – малку повеќе од вкупните средства заработени од „Големата петорка“ во сезоната 1996/97 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП