ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвертон го доведе шестото засилување за оваа сезона

Евертон го доведе шестото засилување за оваа сезона

Дефанзивецот Куко Мартина кариерата ќе ја продолжи во Евертон. Во клубот од Ливерпул ќе остане до 2020 година.

Мартина изминатите две сезони играше во Саутемптон, за кого одигра 24 натпревари и постигна еден гол. Пред доаѓањето во Премиер лигата го носеше дресот на Твенте.

„Мартина е искусен играч кој може да игра на различни позиции во одбраната. Неговиот ангажман е важен поради големиот број натпревари кои нè очекуваат оваа сезона“, вели менаџерот на Евертон, Роналд Куман.

Мартина е шесто засилување за Евертон во актуелниот преоден рок. „Карамелите“ новата сезона во Премиер лигата ќе ја почнат на 12 август, против Стоук.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП