24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонтролниот меч Словачка-Македонија не го дочека својот крај

Контролниот меч Словачка-Македонија не го дочека својот крај

Контролниот натпревар помеѓу кошаркарските репрезентации на Словачка и Македонија не го доживеа својот крај, откако поради арбитрите го прекинаа во финишот на третата четвртина при резултат 54-58.

Тендициозното судење предизвика револт кај македонските кошаркари, бидејќи во еден ист напад словачките судии им досудија две технички и една исклучувачка грешка.

„Денеска беше само продолжување на натпреварот од вчера. Вчера судиите беа максимално некоректни, но не сакавме да се вадиме на некој начин после пораз земајќи предвид дека и натпреварот беше неофицијален односно од затворен карактер. Денес игравме доста добро и покрај тие два прекини. Имаше неколку недосудени фауи над нас, но ние продолживме да играме. Уште во првата четвртина, судиите ни земаа четири топки по што не можев да останам рамнодушен и изреагирав. Добив техничка, а потоа некако судиите се смирија. Во вториот период поведовме на кратко па тие повторно ’удрија’. На фаул под кош на Димо Тасовски тие не изреагираа, а потоа нему му досудија неспортска. Нормално, реагираа нашите играчи особено отако на Костоски му беше досудена исклучувачка грешка без фаул. Да бидеме реални натпреварот можеше да се доигра и да продолжи, но ете судиите решија поинаку. Ние изигравме како што изигравме, го видовме тоа што требаше. Можеби и подобро што заврши бидејќи можеше да се случи некоја несакана незгода“, изјавил за интернет страницата на МКФ, селекторот Јорданчо Давитков.

Македонската репрезентација вечерва се враќа од Братислава, в сабота ќе одигра контролен меч со Бугарија, наредната недела од 20. До 22.јули, ќе се игра „Трофеј Македонија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП