19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСем Квери со брилијантна игра го елиминираше Енди Мареј

Сем Квери со брилијантна игра го елиминираше Енди Мареј

Американецот Сем Квери е првиот полуфиналист на третиот сезонски гренд слем турнир, Вимблдон. Квери со брилијантна игра го елиминира бранителот на титулата, светскиот број 1, Енди Мареј.

Сем Квери прв пат во кариерата ќе игра во полуфинале на еден гренд слем турнир и воедно е првиот Американец по Енди Родик во 2009 година кој стигнал меѓу најдобрите четворица на еден од четирите најголеми турнири.

Исто така, Квери е првиот тенисер во историјата, кој во две години на Вимблдон успеал да го елиминира во тој момент најдобриот во светот. Минатата сезона Квери во осминафиналето го победи Ѓоковиќ, а оваа во четвртфиналето Мареј.

Квери до полуфиналето стигна со беспрекорна игра, особено во четвртиот и петтиот сет, против светскиот број 1, Мареј.

Американецот успеа со пресврт да слави против домашниот миленик, откако губеше со 0:1 и 1:2.

Мареј го доби првиот сет со 6:3, потоа Квери возврати во вториот со 6:4, за Британецот третиот сет да го добие 7:6 во тај брејк.

Наредните два сета на Централниот терен минаа во целосна доминација на Американецот кој четвртиот и петтиот сет ги доби со 6:1 и по два часа и 42 минути се пласира во полуфиналето.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП