9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДвете најскапи куќи на светот

Двете најскапи куќи на светот


Без конкуренција, најскапата куќа во светот се наоѓа во Мумбаи, Индија. Сопственикот е Mukesh Ambanin, најмоќната личност на листата на Форбс во 2010 година. Ambanin е деветти најбогат човек во светот, со вкупен капитал од 27 милијарди американски долари. Куќата во облик на кули, се протега на неверојатни 3700 квадратни метри и има 27 ката. Таа има кино, хелиопад, базен, бар, библиотека, црква, висечки градини, здравствен центар … За паркирање, распределени се 6 ката за 168 автомобили, за индискиот колекцијата на индискиот бизнисмен. Вредноста на куќата е астрономски 1.8 милијарди долари.

Другата куќа на нашата листа е Вила Леополда на Азурниот брег. Таа била изградена за кралот Леополд Втори во 1902 година. Подоцна, куќата беше продадена на Едмонд Сафра, и сега е сопственост на неговата сопруга. Тоа се протега над 2700 квадратни метри и има 11 спални и 14 бањи. Пред неа има голем базен и божествена градина, а зад куќата има брилијантно украсена приватна плажа и спортски објекти. Вредноста на овој гламурозен вили изнесува 506 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП