ПочетнаИНТЕРЕСНОМилош Теодосиќ кариерата ќе ја продолжи во ЛА Клиперс

Милош Теодосиќ кариерата ќе ја продолжи во ЛА Клиперс

Најдобриот европски плејмејкер, Милош Теодосиќ, кариерата ќе ја продолжи во НБА лигата, во екипата на ЛА Клиперс.

Информацијата дека Теодосиќ се сели во Клиперси ја објави највлијателниот американски новинар кога е во прашање НБА лигата, Адриан Војнаровски и кој никогаш не греши кога ги најавува трансферите во најсилната кошаркарска лига во светот.

Според новинарот, 30-годишниот Теодосиќ со Клиперси ќе потпише двегодишен договор според кој ќе заработи 25 милиони долари.

Теодосиќ изминатите шест години настапуваше во ЦСКА Москва, а претходно четири години играше во Олимпијакос. н.ц.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП