ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистрите за финансии од еврозоната ќе одлучуваат за исплатата на заемите за...

Министрите за финансии од еврозоната ќе одлучуваат за исплатата на заемите за Кипар и Грција

eu_2259316b

Во Брисел денеска ќе се состанат министрите за финансии на земјите од еврозоната, кои се очекува да постигнат договор околу исплатата на заемот за Кипар и Грција.

Кипар би требало да добие три милијарди долари, како дел од пакетот помош, кој претходно беше договорен.

Грција би можела да добие и до 7,4 милијарди евра. Станува збор за транши за мај и јуни во износ од 4,2 милијарди и 3,2 милијарди евра. Тоа се парите за првите две тримесечија од годината, потребни за покривање на финансиските потреби на земјата.

За спасување на Грција од 2010 година се потрошени 240 милијарди евра.

Министрите за финансии ќе расправаат и за Словенија, за која се очекува дека ќе побара европска помош и покрај планот на новата Влада тоа да се избегне.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП