19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБекам, првиот Англичанец со титули во четири земји

Бекам, првиот Англичанец со титули во четири земји

beks

Дејвид Бекам по многу работи е посебен, а од неделата може да се пофали со уште еден историски податок. Англиските медиуми ја објавија информацијата дека популарниот Бекс е првиот фудбалер од таа земја кој освоил шампионски титули во четири држави.

По трофејот со Манчестер Јунајтед во Англија, Реал Мадрид во Шпанија и Лос Анџелес Галаси во САД, Бекам со ПСЖ ја покори и Франција.

Искусниот фудбалер кој на 2-ри мај наполни 38 години  има договор со „светците“ до крајот на сезоната, но најверојатно ќе ја продолжи соработката со нив и ќе остане најмалку уште една година во градот на светлината.

Бекам своевремено го носеше и дресот на Милан, но тој со „росонерите“ неуспеа да се качи на победничкиот трон во Серија А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП