ПочетнаЕКОНОМИЈА37 компании се казнети оти не ја почитувале препораката да не се...

37 компании се казнети оти не ја почитувале препораката да не се работи на горештините

Министерството за труд и социјална работа информира дека во периодот од 29 јуни до 1 јули 2017 година за време на топлотниот бран дежурните екипи на Државниот инспекторат за труд (ДИТ) извршија 97 инспекциски надзори од областа на безбедност и здравје при работа на целата територија на Република Македонија.

Притоа, за 37 правни субјекти беше донесено решение за забрана за работа, а на останатите контролирани правни субјекти им беше укажано на обврската за почитување на соодветните препораки.

Инспекциските надзори се извршени во дејностите: градежништво, конфекциски погони, складирање отпад, земјоделие и други дејности.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП