23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБобан Стајиќ повторно дел од екипата на МЗТ

Бобан Стајиќ повторно дел од екипата на МЗТ

Потенцијалниот кошаркарски репрезентативец Бобан Стајиќ (23 год, 185 см.) повторно е дел од екипата на МЗТ Скопје Аеродром откако денеска потпиша едногодишен договор со шесткратниот шампион на Македонија, објави клубот на својата официјална интернет страница.

Станува збор за талентиран плејмејкер, кој изминатите две сезони успешно настапуваше во таборот на Фени индустри.

За Стајиќ беше член на „металците“, и тоа периодот од 2013 до 2015 година. Претходно, тој настапуваше за скопска Лирија со која всушност дебитира на прволигашката сцена.

Повратникот во сино-белиот дрес зад себе има настап и на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, за младинци во 2012 година на кое во просек реализираше 11,4 поени и по 4,4 скока и асистенции.

Стајиќ е второто засилување за МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, по некогашниот капитен на тимот, Дамјан Стојановски. Под договорна обврска со шампионот во моментов уште се и Марко Симоновски, Адем Мекиќ и Ксавиер Темс. Нов тренер на екипата е Александар Тодоров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП