20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛас Палмас ќе добие процент од трансферот на Витоло во Атлетико

Лас Палмас ќе добие процент од трансферот на Витоло во Атлетико

Атлетико Мадрид до крајот на оваа недела има намера да ги заврши сите формалности околу трансферот на играчот на Севилја, Витоло.

„Јорганџиите“ се под суспензија и не можат да го регистрираат Витоло, па поради тоа во целата приказна влегува и Лас Палмас.

Планот на Атлетико е да потпишат договор со Витоло, а потоа тој до Нова година да настапува за Лас Палмас. За оваа „услуга“ екипата од Канарските Острови, од Атлетико, ќе добие пет милиони евра.

Според шпанските медиуми, Атлетико за трансферот на шпанскиот репрезентативец Витоло ќе треба да издвои 40 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП