25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТеодосиќ: Имам желба да одам во НБА, нема да останам во ЦСКА

Теодосиќ: Имам желба да одам во НБА, нема да останам во ЦСКА

Најдобриот плејмејкер во Евролигата, Милош Теодосиќ, индиректно најавил преселба во НБА лигата истакнувајќи дека наредната сезона нема да биде дел од тимот на ЦСКА Москва.

„Како сега се движат работите речиси е сигурно дека нема да останам во Москва, а за другото, искрено сè уште не знам. Оној момент кога ќе решам ќе излезам во јавноста“, одговорил Теодосиќ на прашањето дали ќе оди во НБА лигата.
„Сигурно дека сериозно размислувам да ја продолжам кариерата во Америка. Веројатно, првпат во мојот живот сериозно размислувам на таа тема и сега навистина имам желба да одам таму, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, рекол капитенот на српската репрезентација.

Теодосиќ на новонарските прашања одговорал на својот камп„Тео4“, кој традиционално се одржува секоја година. По завршувањето на кампот, тој со репрезентацијата ќе ги почне подготовките за настап на Европското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП