ПочетнаКУЛТУРАНа Плоштадот во Скопје ќе се одржи концерт на медитерански шансони

На Плоштадот во Скопје ќе се одржи концерт на медитерански шансони

На 20 јуни,  во 20 часот, на платото на Плоштадот „Мајка Тереза“ ќе се одржи концерт насловен како „Мала Италија патува“.

Преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни ќе бида претставени шпанската, италијанската и француската култура.

Идејата е со овој настан да се воведат поинакви вечери во градот и пред македонската публика да се претстават медитеранската култура и музика во едно поинакво светло.

Концертот ќе трае еден час. По завршувањето, предвидена е коктел забава.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП