19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМареј очекува да го загуби првото место на АТП листата

Мареј очекува да го загуби првото место на АТП листата

Првиот светски рекет, Енди Мареј, на британските новинари им дал искрена изјава дека очекува да го загуби првото место на АТП листата.

„Најверојатно ќе го загубам првото место. Доколку сакате да бидете на врвот не смеете да имате период од три месеци во кој играте лош тенис. Кај мене тоа беше случај до Ролан Гарос“, рекол Мари.

Исто така, шкотскиот тенисер рекол дека поради лична цел, а не поради поените ќе се обиде да го освои Вимблдон.

Во изминатите неколку месеци Мареј го задржа првото место на АТП листата најмногу поради лошата форма на Новак Ѓоковиќ и паузата што ја направи Роџер Федерер. Во меѓувреме Рафа Надал по титулите во Монте Карло, Барселона и Ролан Гарос му претставува најголема закана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП