ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен износот на лошите кредити во Италија

Зголемен износот на лошите кредити во Италија

italija1

Лошите кредити во италијанските банки во март се зголемени за 21,7 проценти, со што дополнително се забрза нивниот раст во услови на тешка рецесија која ја погоди третата најголема економија во еврозоната, покажаа податоците на централна банка на Италија.

За споредба, во февруари лошите кредити беа зголемени за 18,6 проценти, покажуваат податоците на банката.

Кредитите за нефинансиските компании во март, сепак, се намалени за 2,8 проценти, додека во претходниот месец нивниот пад изнесуваше 2,7 проценти.

Истовремено депозитите во приватниот сектор се зголемени за седум проценти на годишно ниво, со што нивниот раст е забавен во споредба со февруари кога забележаа раст од 7,8 проценти.

Италијанската економија се наоѓа во длабока рецесија која се рефлектира со зајакнување на трендот за раст на лошите кредити во италијанските банки.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП