25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал нема да настапи на турнирот во Квинс

Надал нема да настапи на турнирот во Квинс

Рафаел Надал одлучи да не настапи на турнирот во Квинс за да може максимално да се подготви за третиот гренд слем во сезоната, Вимблдон.

„Тажен сум што морав да ја донесам оваа одлука бидејќи сакам да играм на овој турнир. Квинс го освоив во 2008 година. Секое мое финале на Вимблдон доаѓаше по настапот во Квинс“, рекол Надал.

Надал, во неделата, ја освои титулата на Ролан Гарос што му ја донесе втората позиција на АТП листата, а доколку успее да го освои Вимблдон тогаш по тригодишна пауза ќе се врати на првото место. Надал два пати го има освојувано Вимблдон во 2008 и 2010 година.

Шпанецот открил дека добил совет од лекарите дека му е потребен одмор, бидејќи неговото тело било исцрпено по напорната сезона на земјана подлога.

Покрај Надал во Квинс нема да настапи и Новак Ѓоковиќ, кој како и Шпанецот до Вимблдон нема да одигра ниту еден меч на трева.

Учеството во Квинс го потврдија бранителот на трофејот Мари, потоа Вавринка, Раониќ, Дел Потро, Чилиќ, Димитров, Кирјос, Цонга и Бердих.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП