ПочетнаЕКОНОМИЈАФедерацијата на фармерите во Македонија бара 12 денари минимална цена на пченицата

Федерацијата на фармерите во Македонија бара 12 денари минимална цена на пченицата

Федерацијата на фармерите во Македонија бара годинава минималната заштитна цена на пченицата да биде 12 денари, поради значајно намаленото производство како резултат на климатските промени, како и значајното зголемување на тропоците во однос на лани, од речиси 50 отсто.

Исто така се бара интервентниот откуп на пченицата да биде од први јули, договорите со откупувачите и преработувачите да бидат склучени пред жетвата, исплатата да се контролира од инспекциските служби, а субвенциите на производителите да им бидат исплатени пред започнување на есенската сеидба.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП