29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Дело“: Продажбата на НЛБ најверојатно ќе биде запрена

„Дело“: Продажбата на НЛБ најверојатно ќе биде запрена

Продажбата на Нова Љубљанска банка (НЛБ), чиј почеток владата на премиерот Миро Церар го планираше кон средината на оваа година, е сè помалку веројатна и најверојатно ќе биде запрена, пренесуваат во петок словенечките медиуми.

Надзорниот одбор на Словенскиот државен холдинг, кој управува со државниот имот, оваа недела одлуката за издавање на приватизациски проспект, во кој мора да биде наведена рамковната цена за акцијата на НЛБ, а која се очекува во понудите, ја препушти на владата која делува како собрание на акционери на оваа банка.

Но, со оглед на очекувањата и изјавите на премиерот, како и разликите кои постојат во владејачката коалиција, малку е веројатно дека оваа година ќе дојде до продажба на половината од државниот удел во најголемата словенечка банка, пишува љубљанско „Дело“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП