29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо тимот на сезоната место има за двајца вардарци - Душебаев и...

Во тимот на сезоната место има за двајца вардарци – Душебаев и Раул Гонзалес

На завршниот турнир во Келн, прв пат во историјата ќе настапи и македонска екипа, шампионот Вардар, чии успеси, ЕХФ ги вреднува и на поединечен план.

Алекс Душебаев е избран за најдобар десен бек во Лигата на шампионите, а Раул Гонзалес за најдобар тренер во сезоната 2016/2017.

Инаку во тимот на сезоната доминираат ракометарите на ПСЖ, тројца се наоѓаат меѓу најдобрите седум, а францускиот шампион ги има уште и најдобриот дефанзивец и најдобриот млад играч, награда која во сезоната 2014/2015 ја освои Душебаев.

ЛШ, тим на сезоната:
Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)
Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)
Лев Бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Централен бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Пивот: Лудовиг Фабрегас (Монпелје)
Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило: Виктор Томас (Барселона)
Тренер: Раул Гонзалез (Вардар)
Најдобар одбранбен играч: Лука Карабатиќ (ПСЖ)
Најдобар млад играч: Надеим Ремили (ПСЖ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП