20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛука и Никола Карабатиќ во ПСЖ до 2022

Лука и Никола Карабатиќ во ПСЖ до 2022

Во пресрет на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони, францускиот шампион ПСЖ објави дека ја продолжил соработката со браќата Карабатиќ, Лука и Никола.

Француските репрезентативци во ПСЖ пристигнаа во 2015 година, кога потпишаа четиригодишни договори, но клубот на два дена пред стартот на завршниот турнир реши да ја продолжи соработката со нив до 2022 година.

ПСЖ на завршиниот турнир атакува на својата прва титула, а противник во полуфиналето ќе му биде унгарскиот првак Веспрем. Овој дуел на програмата е в сабота.

Инаку, завршниот турнир истиот ден од 18 часот ќе го отворат Вардар и Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП