ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија ја раскина соработката со Тухел

Борусија ја раскина соработката со Тухел

Борусија Дортмунд потврди дека клубот ја раскинала соработката со тренерот Томас Тухел.

Борусија Дортмунд во неделата го освои Купот на Германија, што е прв трофеј за клубот по 2012 година, а во вторникот „милионерите“ објавија дека Тухел повеќе не е тренер.

Тухел имаше уште една година од договорот, поради што Борусија за предвремениот раскин ќе му исплати два милиони евра.

„Благодарен сум за убавите, инспиративните и бурните години. Жалам што ова нема да продолжи. Благодарност до навивачите, луѓето во клубот и сите кои нè поддржуваа. На Борусија и посакувам сè најдобро“, напишал Тухал на Твитер, пред клубот да ја соопшти одлуката.

Инаку, Тухел, заминува поради несогласувањата со извршниот директор Ханс-Јоаким Вацке.

Според германските медиуми Томас Тухел кариерата ќе ја продолжи во Баер Леверкузен.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП