ПочетнаИНТЕРЕСНОХадерсфилд се врати во Премиер лигата по 45 години

Хадерсфилд се врати во Премиер лигата по 45 години

Фудбалерите на Хадерсфилд се последниот тим кој избори пласман во Премиер лигата. Тие во плејофот за пласман во најсилната англиска конкуренција го совладаа Ридинг, по изведувањето на пенали со 4-3.

Хадерсфил се пласира во Премиер лигата по пауза од 45 години. Мечот на „Вембили“ не донесе многу возбудувања, заврши 0-0, а победата на Хадерсфилд му ја донесе Кристофер Шиндлер.

Хадерсфил е трикратен шампион на Англија (1924 до 1926).

Пласманот во Премиер лигата финансиски ќе го подобри буџетот на клубот, бидејќи од наградниот фонд и телевизиските права ќе добие околу 220 милиони долари.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП