23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолку пари потроши Ферги додека беше на чело на Јунајтед

Колку пари потроши Ферги додека беше на чело на Јунајтед

sir-alex-ferguson-transfer-bill

Вчера стана јасно дека по 26 сезони на чело на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон ќе се повлече на крајот на оваа сезона.

За времето како тренер на еден од најпопуларните клубови во светот Фергусон потроши речиси 1 милијарда долари за трансфери на фудбалери.

Оваа сума не ги вклучува платите на играчите. Тој потрошил 546.5 милиони фунти (850 милиони долари) само за трансфери.

Сер Алекс е еден од најуспешните тренери во историјата на спортот и голем дел од овој успех се должи на фактот дека тој располагал со пари да купува квалитетни фудбалери и ги користел овие пари многу мудро.

dimitar-berbatov-alex-ferguson-01

Најскапиот фудбалер кој Фергусон го купил останува Бугаринот Димитар Бербатов, кој во 2008-та година пристигна на „Олд Трафорд“ од Тотенхем за сума од 30.75 милиони фунти (47,8 милиони долари).

Вториот најголем трансфер е оној на Рио Фердинанд од Лидс во 2002-та година за 29.3 милиони фунти (45,5 милиони долари), а првите три се комплетираат со трансферот на Аргентинецот Хуан Себастијан Верон кој беше купен во 2001-та година од Лацио за 28.1 милиони фунти (43.7 милиони долари).

Во 26-те години во Манчестер Јунајтед Фергусон исто така има продадено играчи за 320 милиони фунти (497.7 милиони долари).

alex-ferguson-and-cristiano-ronaldo

Неговата најголема продажба беше трансферот на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид во 2009-та година за 80 милиони фунти (124.4 милиони долари). Во 2003-та година, исто така во Реал Мадрид замина и Дејвид Бекам, но за 25 милиони фунти (38,8 милиони долари).

Третиот најголем трансфер на играч од Манчестер Јунајтед во времето на Фергусон е продажбата на Јап Стам на Лацио за 15.25 милиони фунти (23,7 милиони долари).

Ако бидат споредени платените и добиените суми за трансфери, тогаш Фергусон потрошил нето 226.5 милиони фунти (352.3 милиони долари) за време на престојот во Манчестер Јунајтед.

Британскиот „Гардијан“ направи избор на 10 најдобри и најлоши трансфери кои ги направи легендарниот менаџер на „црвените ѓаволи“.

10 најдобри трансфери:

1. Петер Шмајхел (Брондби, 750.000 фунти)
2. Ерик Кантона (Лидс јунајтед, 1.2 млн. фунти)
3. Кристијано Роналдо (Спортинг Лисабон, 12,25 млн. фунти)
4. Денис Ирвин (Олдам, 625.000 фунти)
5. Рои Кин (Нитингем Форест, 3,75 млн. фунти)
6. Оле Гунар Солскјер (Молде, 1,6 млн. фунти)
7. Стив Брус (Норич, 825.000 фунти)
8. Едвин ван дер Сар (Фулам, 2 млн. фунти)
9. Немања Видиќ (Спартак Москва, 7 млн. фунти)
10. Робин ван Перси (Арсенал, 22,5 млн. фунти)

10 најлоши трансфери:

1. Бебе (Рио Аве, 7,4 млн. фунти)
2. Ралп Милн (Бристол Сити, 170.000 фунти)
3. Давид Белион (Сандерленд, 3 млн. фунти)
4. Донг Фангжоу (Далијен, 3,5 млн. фунти)
5. Димитар Бербатов (Тотенхем, 30,75 млн. фунти)
6. Ерик Џемба-Џемба (Нант, 3,5 млн. фунти)
7. Габријел Обертан (Бордо, 3 млн. фунти)
8. Клеберсон (Атлетико Параненсе, 6,5 млн. фунти)
9. Хуан Себастијан Верон (Лацио, 28 млн. фунти)
10. Диего Форлан (Индепендиенте, 6,9 млн. фунти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП