29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонте е најдобар менаџер во Англија

Конте е најдобар менаџер во Англија

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, е избран за најдобар тренер во англиското првенство во сезоната 2016/2017, соопшти Премиер лигата на својата официјална интернет страница.

Италијанскиот стратег во својата прва сезона во Англија успеа со Челзи да ја освои титулата во Премиер лигата. Конте е четвртиот Италијанец кој ја добива оваа престижна награда, по Карло Анчелоти, Роберто Манчини и Клаудио Раниери.

Исто така, Конте е четвртиот тренер во историјата на Премиер лигата кој во својата деби сезона ја освоил титулата. Претходно тоа го направиле Жозе Мурињо, Карло Анчелоти и Мануел Пелегрини.

Во конкуренција за наградата покрај Конте беа: Пол Клемен (Свонси), Шон Дајч (Барнли), Еди хау (Борнмут), Маурисио Покетино (Тотенхем) и Тони Пјулис (ВБА).

Челзи сезонава постави рекорд според бројот на победи во Премиер лигата (30).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП