20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолден Стејт без проблеми повторно се пласираше во финалето (видео)

Голден Стејт без проблеми повторно се пласираше во финалето (видео)

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс на доминантен начин, без ниту еден пораз, изборија пласман во големото финале во НБА лигата. Вориорс, трите серии на Западот (Портланд, Јута, Сан Антонио) ги добија со максимален резултат и со 12 победи без пораз се пласираа во големото финале.

Голден Стејт четвртиот натпревар од финалето на Западот против Сан Антонио Спарс го добија со 129:115.

Избраниците на Стив Кер, кој сеуште не го води тимот поради здравствени проблеми, трета година по ред ќе се борат за титулата во НБА лигата.

Четвртиот натпревар во Сан Антонио не донесе никаква неизвесност. Вориорс рутински во првиот дел одржуваа двоцифрена предност, а мечот го решија во третата четвртина кога со серија од десет поени се оддалечија од противникот на 22 поени.

Сан Антонио без првата ѕвезда, Кавај Ленард, кој на првиот меч од оваа серија ја обнови повредата на скочниот зглоб, едноставно немаше решение за ѕвездите на Голден Стејт.

Стеф Кари со 36 поени, односно Кевин Дурент со 29 поени и 12 скокови го предводеа Голден Стејт. На спортивната страна се истакна Кајл Андерсон со 20 поени, а ветеранот Ману Џинобили постигна 15 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП