ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе произведува зелена енергија во Грција

Кина ќе произведува зелена енергија во Грција

Три милијарди евра ќе инвестира државната кинеска фирма SHENHUA GROUP CORPORATION LIMITED во грчката COPELOUZOS GROUP, пишуваат тамошните медиуми.

Двете компании ќе бидат партнери за развој на зелената енергија и за еколошката модернизација на постројките за производство на струја во Грција и во трети земји.

SHENHUA GROUP CORPORATION LIMITED е најголемиот производител на јаглен во светот и еден од најголемите производители на енергија во Кина како од конвенционални, така и од обновливи извори. COPELOUZOS GROUP е една од најголемите инвестициски групи во Грција во секторот на енергетиката и инфраструктурата.

“Нашата група верува во зелената енергија и изгледите на Грција. Убедени сме дека соработката со SHENHUA GROUP ќе дејствува како катализатор за склучување на важни инвестиции и ќе ја охрабри енергетската индустрија во Грција. Таа треба да инвестира во зелената енергија и еколошката модернизација на енергетските индустрии”, коментираат Грците.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП