19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа 200 милиони евра Арсенал му раскина на Најк и се врза...

За 200 милиони евра Арсенал му раскина на Најк и се врза со Пума

ArsPuma2

Лондонскиот фудбалски клуб Арсенал потпиша договор со Пума која ќе ги снабдува „тобџиите“ со спортска опрема во следните пет години. Според информациите договорот се проценува на рекордни за Премиер лигата 30 милиони фунти (35.4 милиони евра) годишно.

Овој договор стави крај на 20-годишната врска на „топџиите“ со Најк. Според досегашниот седумгодишен договор клубот добиваше вкупно 55 милиони фунти. Тимот од Лондон го носеше дресот на американскиот производител од 1994-та година.

Главните ривали на Арсенал во Премиер лигата, екипата на Манчестер Јунајтед имаат 15-годишен договор со Најк вреден 287 милиони фунти. Досегашниот рекорд за англиското првенство го држеше договорот на Ливерпул со компанијата Вориор кој изнесува 25 милиони фунти годишно.

Според шпекулациите германскиот производител Адидас сакал да потпише со Арсенал во желбата да превземе Лондон. Компанијата уште го облекува Челзи. Освен тоа тие покажаа интерес и кон Фулам, кој сега ужива во Капа.

Договорот доаѓа добредојден за Извршниот директор на „топџиите“ Иван Газидис, кој најверојатно ќе одвои повеќе средства за летната селекција се со цел да се стави крај на осумгодишната суша без трофеи.

Во моментов Пума испорачува опрема за голем број африкански репрезентации, како Камерун, Брегот на Слоновата Коска и Гана, а од европските клубови тука се Њукасл, Бордо, Палермо, Еспањол. Најголемото име меѓу нив е на финалистот во Лигата на Шампионите Борусија Дортмунд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП