24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи е новиот шампион на Англија (видео)

Челзи е новиот шампион на Англија (видео)

Фудбалерите на Челзи го совладаа Вотфорд 4:3 во натпревар од 28.коло во Премиер лигата. Овој меч се одигра подоцна поради настапот на Челзи во полуфиналето во ФА купот.

Избраниците на Антонио Конте, со вистинска голеада, заедно со своите навивачи ја прославија шампионската титула, шеста во историјата на клубот, а петта откако сопственик е Роман Абрамович.

Инаку, шампионскиот пехар на Челзи официјално ќе му биде врачен в недела, кога на домашен терен ќе го пречека Сандерленд.

„Сините“ првиот гол го постигнаа во 22.минута кога капитенот Тери, во својот 716 натпревар го совлада Гомез. Вотфорд израмни две минути подоцна преку Капу. До крајот на полувремето предноста на Челзи му ај врати Аспиликуета.

Головите на Тери и Аспиликуета се први оваа сезона во Премиер лигата за овие двајца играчи.

По шест минути игра во вториот дел, херојот од минатото коло Батшуаи ја зголеми предноста на 3:1.

Но Вотфорд не се предаде, во 53.минута Јанмат по соло акција намали на 3:2, а во 74.минута Окака го израмни резултат на 3:3.

Победата на Челзи му ја донесе Фабрегас во 88.минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП