ПочетнаИНТЕРЕСНОЃорческа ќе игра во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Рим

Ѓорческа ќе игра во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Рим

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Рим.

Ѓорческа, во Рим, одигра уште еден импресивен меч и во четвртфиналето на Чилеанката Даниела Сегел и препушти само еден гем (6:1, 6:0).

Инаку, Ѓорческа во претходната рунда со 6:0, 6:0 ја елиминира Габриела Дуца од Романија.

Ѓорческа за пласман во финалето ќе игра против Австријката Џулија Граблер.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП