25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПодиумот на Хунгароринг е целта на Иџе

Подиумот на Хунгароринг е целта на Иџе

По трката на патеката во Монца, в недела (14 мај) најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе со големи очекувања на Хунгароринг.

По одличниот старт на 30 април на патеката во Монца, каде на двете трки го освои четвртото и петтото место, екипата на Иџе пристигна во Унгарија со една цел, да ја освои патеката Хунгароринг крај Будимпешта. Стефановски ќе се обиде да им пркоси на Фулин, Шрејбер и Рикли.

„Во тимот владее добра атмосфера. Не успеавме да тренираме, но ќе се обидеме да се подготвиме најдобро што може. Се подготвуваме за тренингот утре, на кој очекуваме да покажеме конечно кои сме и што сме. Очекуваме подобри резултати. Верувам дека ќе имам можност со добро возење да се искачам на подиумот“, оптимистички изјави Стефановски.

Преносот на втората трка во календарот на ФИА ЕТЦЦ 2017 ќе може да се следи директно на националниот сервис МРТВ, в недела, во 9 часот. Според правилата, автомобилите на Хонда, кои во Монца беа полесни за 60 килограми споредбено со автомобилите на Сеат, на Хунгароринг ќе бидат потешки. Ова би значело дека ќе биде намалена нивната предност во однос на Стефановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП