24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометниот камп на Кире Лазаров добива интернационален карактер

Ракометниот камп на Кире Лазаров добива интернационален карактер

Од 20 јуни до 2 јули во две смени веќе трета година по ред во комплекс од висока категорија на крајбрежјето во Охрид, ќе се одржи ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ чиј иницијатор е нашиот најголем македонски ракометар Кире Лазаров. Околу 300 деца од 8 до 18 години ќе уживаат и напорно ќе работат покрај врвни тренерски имиња и ракометни гости, кои ќе се обидат да им пренесат дел од своето искуство, да им дадат ракометно знаење и да ги „контаминираат“ со најпопуларниот спорт во нашата земја.

Во овој камп веќе две години по ред доаѓаат деца од Македонија, од регионот, но и веќе оформени играчи, кадетски, младински репрезентативци од Ирска, Данска и други земји за да ги надоградат своите знаења и да ги усовршат своите вештини со квалитетни тренери, да ги видат Дејан Манасков, Столе Стоилов, Филип Миркуловски, но и да учат техники од најдобрите стратези како Данило Брестовац, Периќ, Џукиќ, Аџиќ, Ангеловски, Ристовски, Ракчевиќ кои ќе им пренесат драгоцени знаења.

Голем број спонзори, поддржувачи и партнери, меѓу кои и Алпско млеко ја препознаа вредноста на овој квалитетен проект во кој децата имаат можност да го развиваат тимскиот дух, спортската култура и да креирааат навики за спортски живот.

„Пресеќни сме што Алпско млеко е партнер на ова врвно ракометно училиште каде децата што сонуваат да бидат Кире Лазаров можат да го видат одблиску, да го анализираат неговиот живот, да видат што значи дисциплина и да набљудуваат како изгледа животот на еден професионален спортист. Горди сме што сме партнери во оваа позитивна приказна со интересен концепт во кој Кире ја искористи својата позиција на глобален бренд да регрутира деца од Македонија, но и од многу други земји и да ги демонстрира своите најдобри спортски практики во насока на јакнење на капацитетите за развој на ракометот“ – изјави Лепа Георгиевска Ристов, претставник од Алпско млеко, партнер на проектот.

Кире Лазаров со отворањето на овој камп направи голем исчекор кон позитивни промени, во насока на привлекување и негување на талентите за спортско ангажирање кај децата, користејќи го сето свое професионално знаење и создавајќи поволен амбиент за поттикнување на младите генерации да го засакаат овој комплексен спорт.

Алпско млеко секогаш ќе ги охрабрува сите поединци и здруженија чија цел е да мотивираат, инспирираат, поттикнуваат, поддржуваат и да создаваат поволен амбиент за напредок и за развој на позитивни практики во различни сфери од животот “ – додава Георгиевска Ристов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП