ПочетнаЕКОНОМИЈАДоналд Трамп го прогласи Обамакер за мртов

Доналд Трамп го прогласи Обамакер за мртов

Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Обамакер за мртов, откако републиканците изгласаа закон за здравство во Долниот дом на Конгресот. Гласањето помина многу тесно, а републиканците победија со 217 гласа за, наспроти 213 против.

Конзервативците седум години се залагаа за поништување и измена на Обамакер, сметајќи дека законот ги зголемил цените на здравствените услуги и ги намалил можностите за лечење на милиони Американци.

Демократите, пак, тврдат дека актот за здравствена заштита ќе остави милиони луѓе неосигурани. Предлог-законот сега е во Сенатот.

По изгласувањето на новиот закон, се собраа демонстранти извикувајќи „Срамота за вас!”. Но, имаше и прослави на тревникот на Белата куќа.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП