28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТројца вардарци и Лазаров во конкуренција за идеалниот тим на ЛШ

Тројца вардарци и Лазаров во конкуренција за идеалниот тим на ЛШ

Тројца ракометари на Вардар и капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, се наоѓаат конкуренција за идеалниот тим во Лигата на шампионите, а Раул Гонзалес е во конкуренција за најдобар тренер.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го отвори гласањето за идеалниот тим во Лигата на шампионите, во сезоната 2016/2017.

Успехот на Вардар, пласманот на завршниот турнир во Келн го препознаа во ЕХФ, а Тимур Дибиров, Алекс Душебаев и Илија Абутовиќ конкурираат за место во идеалниот тим на своите позиции.

Дибиров на позицијата лево крило, Душебаев на позицијата десен бек, а Абутовиќ е во конкуренција за најдобар дефанзивец. Раул Гонзалес влегува во конкуренција за најдобар тренер.

Кирил Лазаров, играчот на Барселона, е во конкуренција за најдобар десен бек.

На страницата на ЕХФ гласањето за најдобрите во Лигата на шампионите е отворено и ќе трае до 30 мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП